Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања во Отешево е основан во 1980 година и претставува единствената здравствена установа за рехабилитација на респираторен систем во Македонија. Заводот располага со 72 легла и на пациентите им овозможува физикален третман, кинезитерапија, вежби за дишење, дренажи, кондициски вежби, инхалации и други методи според највисоките стандарди кои им ја подобруваат нивната здравствена состојба.
Локацијата на Заводот во Отешево на западниот брег на Преспанското Езеро не е случајност, туку е внимателен избор на средна надморска височина, благопријатна клима со студени лета и благи зими, без големи варијации во температурата и без никакви аерозагадувачи во близина. Тоа е место на кое ветровите од Јадранското, Јонското, Средоземното Море и од континенталениот дел се судираат и токму овој судир на ветрови резултира со специфична клима која делува благопријатно врз дишните патишта и помага во лекувањето и рехабилитацијата од белодробните заболувања и алергии.
I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.